Книга на жалост за загинатите во несреќата на рускиот авион во Египет ќе биде отворена денеска и утре од 11.00 до 17.00 часот во просториите на Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.
Поради авионската несреќата во која загинаа 224 патници и членови на екипажот, вчера во Русија беше прогласен Ден на жалост.
Во име граѓаните на Република Македонија и во свое лично име, сочувство до рускиот претседател Владимир Путин вчера упати претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.