Клубот на пратенички го осуди нееднаквиот третман на жените маратонки во Охрид

Од:

Клубот на пратенички во Собранието на Република Македонија го осудува и смета дека е дискриминаторски односот кон жените што учествуваат на Меѓународниот атлетски маратон во Охрид, затоа што паричните награди за нив се пониски од оние што ги добиваат мажите натпреварувачи.

– Ова е скандалозно газење на Законот за еднакви можности на жените и мажите и јавно понижување и деградирање на женскиот род. Го повикуваме Атлетскиот сојуз на Република Македонија, како организатор, јавно да се извини и да обезбеди еднаков третман на сите натпреварувачи, со еднакви награди за сите победници, соопшти Клубот на пратенички во Собранието на РМ.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска