Клуб на млади лекари: За седум години 1.200 млади лекари ја напуштиле Македонија

Од:

За седум години 1.200 млади лекари ја напуштиле Македонија. Нашите непосредни контакти во последнава година ни укажуваат дека патот за професионално докажување студентите и младите лекари се уште го бараат надвор од државата, истакна денеска претседателот на Клубот на млади лекари, Никола Брзанов.

– Очигледно дека проблемот е системски и потребно да делуваме уште на почетокот на самите студии. Клубот се основаше кон крајот на минатата година како иницијатива која има за цел да ги вклучи младите во процеисте на одлучување, креирање на политиките во здравството. Клубот на млади лекари се стреми да се бори активно против непотизмот, клиентелизмот и корупцијата во здравството како главна причина за бекството на младите лекари, додаде Брзанов на отворањето на Недела на студенти по медицина во рамки на настанот насловен „Студентите по медицина – Нашите идни лекари“ во организација на Клубот на млади лекари.

Деканот на Медицинскиот факултет, Соња Топузовска рече дека сме сведоци на се поголемиот одлив на доктори надвор од границите на Македонија.

– Особено е важно студентите по медицина да се охрабрат дека се повеќе се создаваат услови за наградување на нивното стручно знаење и вештини и можноста за професионална реализација во сопствената држава, како и враќањето на довербата во медицинската професија, додаде Топузовска.

Во врска со заминувањето на млади лекари од државата, министерот за здравство Венко Филипче денеска по прес-конференција во Министерството за здравство одговарајќи на новинарско прашање истакна дека се во секојдневна комуникација со раководството на Клубот на млади лекари.

– Веќе почнуваме да правиме нешто со што имаме што да им понудиме за да останат во Македонија. Сите овие процеси на приближување кон НАТО и ЕУ, процесот на отворање на поглавјата, комуникацијата со нашите партнери во развиените европски земји, тоа што го инвестираме во платите, спроведувањето едукации сигурен сум дека ќе бидат мотив младите лекари да останат во јавното здравство. Со подобрување на условите во кои работат младите лекари ќе се мотивираат да останат да работат во земјата, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство