Клопчевски: Ќе бидам градоначалник на сите, како што со децении се грижам за вашето здравје

Од:

Дебар ќе добие индустриска развојна зона со цел создавање силна локална економија, што ќе значи многу нови работни места. На тој начин ќе ја запреме миграцијата и ќе созадеме услови младите да ја обезбедуваат сопствената егзистенција, тука во родното место.

Ова меѓу другото го порача кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Дебар, примариус доктор Драган Клопчевски, на неколкуте средби со жители на градот и селски населени места, пред кои ја презентираше изборната програма.

– Ќе изградиме нова детска градинка, со цел опфат на поголем број деца, еднаш засекогаш ќе го решиме проблемот со градската депонија со цел да се подобри хигиената во градот и да се елиминира загаденоста, ќе изградиме канализациска мрежа во населбата „Ваков“, ќе извршиме доуредување на градскиот пазар, како и низа други проекти, кои се во интерес на граѓаните, посочи Клопевски.

Тој пред жителите на селата Могорче и Џепиште, пак, вети повеќе инфраструктурни проекти, реконструкција и изградба на нови водоводи, со цел непречено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, отворање градинки, подобрување на условите во училиштата.

– Ветувам дека ќе бидам градоначалник на сите независно од нивната етничка, верска или партиска припадност, онака како што три децении се грижам за вашето здравје, без да прашам кој е, што е и од каде е порача Клопчевски барајќи го гласот од граѓаните.

На средбите беше претставен и носителот на кандидатската листа за советници, Афет Авмедоски, како и повеќето кандидати од истата.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница