Клиниката за стоматологија ќе изврши превентива дезинфекција

Од:

„Во врска со настаните околу веста за откриена бактерија „MРСА“ кај еден од вработените во ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон – Скопје, Ве информираме дека работниот процес се одвива непречено во континуитет.

Покрај генералното чистење и дезинфицирање од страна на нашите вработени, во текот на денешниот ден во периодот после 14.30 часот превентивно ќе биде извршена дезинфекција на целата клиника и од страна на овластена институција.

Во очекување сме на останатите резулатати од санитарниот преглед направен на вработените. Нови пријавени случаи нема.

Во интерес на пациентите, апелираме до јавноста дека нема потреба од било каков сонмеж за сигурно и квалитетно давање на стоматолошки здравствени услуги“ се вели во соопштението на
ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон – Скопје.

Би можело да ве интересира

Приватните стоматолози бараат од Владата директна финансиска помош и ослободување од фискални и парафискални трошоци

Ана Ололовска

Ставен во мирување најавениот штрајк на приватните стоматолози

Приватните стоматолози бараат промена на финансискиот модел и укинување на матичен стоматолог

Татјана Ташкова

Симпозиум по дентална медицина на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Ана Ололовска

Не треба да се мијат забите веднаш по јадење, предупредуваат експерти

Наум Локоски

Денковски: Приоритети – екипирање и обединување на сите стоматолози

Ана Ололовска