Клиника за хематологија: Мотивиравме 103 доброволци кои се подготвени да даруваат коскена срцевина

Од:

Во рамки на кампањата под мотото „Биди срцевина, биди херој“ за време на Скопскиот маратон, што се одржа завчера успеавме да мотивираме 103 доброволци кои се подготвени да даруваат коскена срцевина. Целта на акцијата, поддржана од Министерството за здравство, е преку хуманост и преку донирање крв да се зголеми бројот на дарители и да се подигне свеста за важноста од донацијата на коскена срцевина, соопштија од Универзитетската клиника за хематологија.

Од Клиниката велат дека со зголемување на бројот на доброволни дарители во Дарителскиот регистар за коскена срцевина на Институтот за имунологија се зголемуваат и шансите за пронаоѓање на соодветен дарител за пациентите за кои единствен спас е трансплантација на матични клетки. Акцијата, како што посочуваат, поминала и подобро од очекувањата.

– Не мора да сте во добра кондиција и да истрчате пет километри, но можете да бидете храбар и да се запишете се во регистарот на Институтот за имунологија. Треба само да оставите една епрувета крв која ќе се типизира и потоа влегувате во софтверски систем како потенцијален дарител на коскена срцевина, која за многу хематолошки болести е единствен лек. Дарувањето коскена срцевина е комплетно сигурна процедура која може да спаси човечки живот, изјави директорката на Клиниката, Ирина Пановска-Ставридис.

Министерот за здравство Венко Филипче, кој воедно се запиша во регистарот на дарители, изјави дека е многу важна солидарноста како и можноста секој кој може да спаси човечки живот.

Од 2018 година во земјава трансплатациите на органи, ткива и клетки се рутински методи за лекување на тешките витално загрозени пациенти. Во 2018 година за прв пат во државава беше направена прва несродна трансплантација на матични хематопетски клетки, во мај 2020 година почна да чука првото трансплантирано срце, а годинава се воведоа трансплантациите на коскено ткиво од починат донор, информираа од Клиниката за хематологија.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство