Клиника ТОАРИЛУЦ: Пациентот Пеце Р. не беше кандидат за транспорт и лекување во странство

Од:

Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ реагираше преку писмено соопштение во врска со објавените написи за смртта на Пеце Роговски.

Реакцијата ви ја пренесуваме во целост.

Во врска со натписите за смртта на пациентот П.Р од Битола, објавени од страна на некои портали, Комисијата за мускулно-скелетни малигни заболувања при Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ (трауматологија, ортопедија, анестезија, реанимација, интензивно лекување, Ургентен центар) заедно со останатите стручни лица, пред сè од етички, но и од професионални причини, имајќи ги во предвид и правата на заштита на приватноста на пациент, одлучи писмено да реагира, при што Комисијата и Клиниката изразуваат сочувство до семејството на починатиот пациент, но истовремено ја информираат македонската јавност за следното:

Пациентот П.Р по поднесеното барање за конзилијарно мислење за лекување во странство, беше повикан на преглед на Клиниката ТОАРИЛУЦ. Пациентот беше прегледан и неговиот случај беше разгледан од супспецијализиран конзилијарен тим составен од членови на конзилиумот за коскено-зглобни тумори, и притоа беше утврдено дека пациентот боледува од тешка неизлечлива малигна болест, и во моментот на прегледот се наоѓа во напредна – терминална фаза на малигно заболување.

Болеста, и покрај преземените интервенции во други јавни здравствени установи, рецидивирала односно повторно се појавила и покрај претходно презементите терапевтски процедури и локално се проширила, со тоа што зафатила важни витални органи, кои што ја прават болеста тешка и неизлечлива.

Во таа фаза, пациентот не беше кандидат за било каков инвазивен третман, вклучувајќи и операција, односно било каква оперативна интервенција во моментот на преглед беше контраиндицирана, затоа што повеќе може да му причинува штета отколку корист.

Заради горенаведеното, пациентот не беше кандидат за транспорт и лекување во странство.

Во оваа прилика чувствуваме за нужно да напоменеме дека третманот на оваа болест во Република Македонија е ист како и во странство, односно кај нас може да се изврши било каква хируршка интервенција, ако тоа е во согласност со протоколите, што кај конкретниот пациент не беше случај.

Докторите и останатите здравствени работници секојдневно се соочуваат со различни ситуации и медицински состојби и секогаш се водат и постапуваат по правилата и насоките на медицина базирана на докази, но мора да признаеме дека медицината е немоќна во некои состојби и во Република Македонија и било каде во светот.

проф. др. Милан Самарџиски
асс. Др. Илир Хасани
асс. Др. Златко Темелковски
Др. Реџеп Селмани

Би можело да ве интересира

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада