Ќучук: Во С.Македонија се водат две кампањи – за продолжување кон ЕУ или за враќање на земјата каде што беше пред три години

Од:

Во предизборието во Северна Македонија се одвиваат две концепциски различни кампањи – за враќање на земјата каде што беше пред три години или да продолжи по патот кон Европската унија. Ова е оценката на бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

Тој во изјава за бугарското радио „Фокус“ вели дека постои тешка и комплексна дебата за суштинските вредности и за тоа каде македонските политичари сакаат да ја видат својата земја.

– Некои се залагаат за тоа земјата да се врати таму каде што беше пред три години, а други ја поддржуваат идејата дека треба да продолжи да се развива на патот кон НАТО и ЕУ. Постојат и некои други идеи, кои доаѓаат главно од партии кои имаат за цел да привлечат гласачи од албанското малцинство, вели Ќучук.

Според него, нема посебни ризици за изборната кампања во Република Северна Македонија, нема бојкот, сите политички сили ги повикуваат граѓаните да гласаат на 15 јули.

Ќучук посочува и дека постои дебата меѓу младите за иднината на земјата во ЕУ, слично како што беше и во Бугарија пред нејзиното зачленување во Унијата пред неклку години.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија