Известувачот за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучуќ, ги повика партиите во земјава да изнајдат заеднички прифатлив датум за избори, јави дописничката на МИА од Брисел.
– Сметам дека сите политичките чинители во Северна Македонија треба да најдат датум за изборите. Најважно е да се организираат слободни, фер и инклузивни избори, со целосно почитување на безбедносните здравствени протоколи, со цел да се конституираат целосно функционални институции, за да можат да се справат со кризите поврзани за Ковид-19 и претстојните преговори со ЕУ, напиша Ќучук на Твитер.