Ќучук: Членство во НАТО и ЕУ се постигнува само со политика на единство

Од:

Членство во НАТО и ЕУ се постигнува само со политика на единство, им порача бугарскиот европратеникот Илхан Ќучук, кој е известувачот за Северна Македонија во ЕП и потпретседател на АЛДЕ на политичките елити во земјава.

– Претстојат избори и секогаш постои сензитивност на процесите за време на избори, но изборите се и момент да се убедат граѓаните дека е време да ги поддржат активните и ангажирани политички платформи. Без разлика на резултатите од изборите, мора да се најде национален консензус за водењето на државата. Претстојат тешки реформи и затоа е многу важно да има место и за владејачкото мнозинство и за партиите кои ќе бидат во опозиција. Македонија доби многу од тоа што не ги бојкотираше процесите, бидејќи гледате дека во соседните земји каде што има бојкот демократските процеси одат наназад, изјави Ќучук, по отворањето на меѓународната конференција „Еден Балкан кон ЕУ“.

Европа и европските институции ќе помагаат, рече Ќучук, но реформите пред се треба да ги водат политичките партии во земјата.

– Процесот на интеграции е двостран. Од една страна се европските институции, од друга страна се политичките партии на земјата. Време е да се зафатите со тешките и неопходни реформи, за да име јасен пат за македонските граѓани и да има јасна иднина за членсвото на државата во ЕУ, изјави Ќучук.

Би можело да ве интересира

Фергусон: Не сакаме враќање во Европската Унија, сакаме подобри односи меѓу Лондон и Брисел

Лавров: Властите на ЕУ се обидуваат да ги одвратат САД од постигнување трајно решение за Украина

Маѓар: ЕУ не смее да ги заобиколи земјите од Западниот Балкан на сметка на Украина

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина