Ќосето до Ѓорчев: Требаше досега да ги посетиш фамилиите на затворените за 27, а не откако најави кандидатура за претседател

Од:

Горан Ангеловски Ќосето обвинет за случувањата од „крвавиот четврток“ преку социјалните мрежи му се обрати на пратеникот Влатко Ѓорчев, велејќи дека досега требало да ги посети семејствата на затворените за случувањата од 27 април, а не откако најави кандидатура за претседател.

– Влатко, да најдеше минута време да ги посетеше фамилиите на затворените од 27. И тие луѓе имаат деца, не чуваат мачиња, знае тој како е, има четири. 15 месеци никој не собра храброст да посети ниту едно дете од гореспоменатите семејства, сега ќе барал гласови и ќе посетел секого, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ вчера ја извести јавноста дека ќе се кандидира за претседател на Република Македонија велејќи дека ќе го посети секој град и село во предизборната кампања.

Ангеловски пак останува на обвинителната клупа за „крвавиот четврток“ откако Апелациониот суд ја одби неговата жалба на одлуката на Кривичниот суд да не биде амнестиран за случувањата од 27 април во Собранието на РМ.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски