Ќе се вакцинира без закажување кога ќе се исцрпат сите пријавени преку vakcinacija.mk

Од:

Во следните седум дена треба да стигнат 500.000 дози од кинеската вакцина на „Синовак“, пратка со која министерот за здравство Венко Филипче очекува целосно да се смени сликата за вакцинирањето кај нас. Тој најави дека пунктовите ќе вакцинираат и без закажување термин.

„Согласно бројот на пријавени граѓани има некаде околу 180.000 што чекаат за вакцинација. Може да се дадат вакцините на ’Фајзер’ и ’Астра зенека’, ги чекаме и донациите од Грција и Бугарија. Во следните седум до десет дена сликата целосно ќе се смени. Во еден момент кога ќе се исцрпат сите граѓани од списокот на пријавени, веројатно, пунктовите ќе работат отворено, без закажување. До крајот на месец јуни таа слика целосно ќе се смени“, рече министерот Филипче.

Кога ќе пристигнат останатите 194.000 руски вакцини од нарачаните 200.000 се уште е неизвесно. Министерот Филипче вели дека е во секојдневна комуникација со амбасадорот на Русија кај нас, Сергеј Баздникин и верува дека тој е прилично искрен во објаснувањата околу тоа кога може да се очекува следна пратка од вакцината „спутник В“.

„Во мојата комуникација лично со амбасадорот на Русија апсолутно нема никаква промена. Според неговите кажувања и тој ги очекува информациите. Дека може да се очекува доцнење и дека имаше најава и тој ми ја пренесе дека онаа количина што се очекува на крај на месец мај, не се оствари. Јас не верувам дека тука има некаква политика. Практично секојдневно сме во комуникација со амбасадорот, ми дава информации што и како може да се очекува, мислам дека е прилично искрен во тој дел. Со лични контакти и заложби направи многу пократко време да чекаме од нарачка до стигнување на првата количина. Беше малку, но стигна“, рече министерот Филипче.

Првата пратка од 6.000 дози „спутник В“ во Македонија стигна во март.

Би можело да ве интересира

Започнува караван за вакцинација против Ковид-19 во повеќе општини низ државата

Ана Ололовска

Бројот на починати од Ковид-19 намален за 33 проценти, кај новозаболените има пад од 27 посто

Предложено укинување на две рестриктивни мерки за спречување на коронавирусот

Кристијан Ландов

Зголемен бројот новозаболени од ковид меѓу децата и тинејџерите

Катерина Ѓуровски

Петличковски: Шестмина вакцинирани со три дози починале во јануари, но анализите покажуваат дека трета доза штити од смрт над 95 отсто

Маја Илиевска-Пачемска

Бремените жени имаат поголема веројатност да се разболат од Ковид-19, Институтот за јавно здравје препорача вакцинирање

Катерина Ѓуровски