Ќе се утврдува староста на Охридското Езеро

Од:

Идниот месец на Охридското Езеро ќе стартува реализација на голем научен проект што ќе го реализира Универзитетот во Келн со поддршка на Хидробиолошкиот завод од Охрид, за утврдување на староста на Охридското Езеро, климатските промени и настанувањето на живиот свет во него.
Според најавите, проектните активности се планирани да траат околу два месеци, во периодот од април до средината на јуни, со специјална опрема што ги исполнува сите стандарди за квалитет и безбедност.

За потребите на проектот ќе се врши дупчење на дното на Охридското Езеро, на пет локации, избрани врз основа на сеизмичките, седиментолошките и тектонските испитувања спроведени во претходните истражувања во периодот од 2004 до 2011 година.

Според најавите од реализаторите на проектот, со длабочинско дупчење ќе се утврди уделот на геолошките случувања од минатото на главните еволуциони процеси во езерото кои генерирале екстремно висок диверзитет и ендемореликтен карактер на животинската и растителната населба во езерото, ќе се добијат резултати за тектонските и вулканските промени, но и промените во климатските услови во централниот и северниот дел на Медитеранот и ќе се добијат попрецизни информации за староста и потеклото на Охридското Езеро.

Владата на Република Македонија целосно го поддржа овој проект и го назначи Министерството за образование и наука како координатор за имплементација на проектот чија финансиска конструкција изнесува 2,5 милиони американски долари. Во Меморандумот за разбирање потпишан меѓу ресорното Министерството за образование и наука и ИЦДП, Хидробиолошкиот завод Охрид беше назначен како институција што ќе даде целосна логистичка поддршка при реализација на целите на проектот, додека Капетанијата на пристаништа на Охрид (Министерство за транспорт и врски) треба да овозможи непречен транспорт и поставување на опремата на точките во езерото предвидени за дупчење, која веќе се инсталира во Елешец.

Би можело да ве интересира

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов