Ќе се уриваат дивите објекти по струшките плажи

Од:

Сите објекти на струшките плажи кои немаат соодветна документација и кои отстапуваат од договорите за концесионирање ќе мора да бидат отстранети. Ако локалната од Струга не преземе мерки тогаш ќе мора да интервенира државниот инспекторат рече Сашо Дукоски директор на државниот градежен инспекторат.

„Информациите кажуваат дека на одредени места по крајбрежјето има објекти кои не се во согласност со законот и истите тие треба да се санкционираат. Со преземањето на ингеренциите сега тоа е во надлежност на општинската инспекција, но во никој случај државниот инспекторат не се оградува од таа работа. Доколку кај нив нема расположение да работат по тие случаи, согласно законите ние имаме можност како да интеревенираме“, изјави Дуковски.

Соња Лепиткова директор на Државниот инспекторат за екологија за А1 кажа дека тие веќе дале негативно мислење на барањето на градските власти за легализација на неколку објектите кој се во делот на крајбрежјето.

„Ние имаме дадено негативно мислење.Дојдено е за легализација на неколку објекти кој се во тој појас. Инспекторатите треба да реагираат. Тие кои имаат водостопанска согласност не е проблем. Тие кои немаат и кои не се вклопуваат во урбанистгички план, ако се наоѓаат во заштитениот дел од 50 метри од крајбрежјето немаат да добијат согласност да бидат легализирани. А во Струга има такви? Па јас имам информации дека има неколку“, одговори Лепиткова.

Долж струшкото крајбрежје евидентно е и со голо око дека некои од објектите изградени таму се од цврста градба наместо да се монтажни објекти како што предвидуваат договрите за концесионирање. Но барем за сега никој од надлежните државни или локални органи немаше храброст да постапи согласно заоконот и да ги сруши.
Државниот градежен и општински инспекторат деновиве направиле контрола и мерења на струшките плажи, за да се види дали има одредени објекти кои се изградени, а кои отстапуваат од елаборатот за градба. Од општината не успеавме да добиеме одговор кој се резултатите од извршените контроли.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Изгаснат е пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција

ВИДЕО: Гори Безистенот во Струга

Катерина Ѓуровски

Левица: Во јадрото на Старата струшка чаршија се гради незаконски без одобрение за градба

Горан Наумовски

Кривична за стружанец поради предизвикување пожар, запалил трева и ѓубриште, па си заминал

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“