Ќе се санира џамијата Мустафа Челеби во Струга

Од:

[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Заводот за заштита на културното наследство и Музеј Охрид, со помош на фондацијата „Тика“, ќе изврши санација на џамијата Мустафа Челеби во Струга, која минатата година беше урната.

Џамијата беше срушена без никаква дозвола од надлежните институции. Тогашниот муфтија објасни дека тоа го направил со дозвола на верниците и општината, за да изгради поголема и поубава џамија.

-Во тек е подготовка на проектите кои треба да бидат завршени до 10 март, по што ќе се пристапи кон конзервација и санација на објектот која ќе заврши до крајот на годината – изјави директорката на охридскиот Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска.

Таа додаде дека џамијата која што беше бесправно урната, ја прогласиле за споменично добро.

-Ги презодовме сите активности тогаш пријавимве до МВР, Државниот градежен инспекторат, Управата за заштита на културното наследство и делумно успеавме најстариот дел од џамијата да го сочуваме – изјави директорката.

djamija

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга