Ќе се реконструира киното во Вевчани

Од:

Комплетно ќе се реконструира кино салата во општина Вевчани, информира денеска градоначалникот Цветомир Угриноски.

Приоритет, според него, ќе бидат бината, подот и соблекувалните, а ќе се промени и осветлувањето, греењето и седиштата.

– Бината, подот и соблекувалните се во лоша состојба, професионални културно-уметнички друштва тешко прифаќаат да играат на таков под. Тоа ни е приоритет. Целосно ќе биде заменета и старата електрична инсталација и ќе направиме осветлување во нов модерен стил, а ќе се менува и системот за греење, изјави Угриноски.

Со тоа, нагласи, Вевчани ќе добие модерна кино сала со околу 400 седишта во која ќе се изведуваат претстави, ќе има фолклорни настапи и ќе се прикажуваат филмови.

За реконструкција на кино-салата обезбедени се средства од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза