Ќе се реконструира физикалното одделение во Велешката болница

Од:

Целосно ќе се реконструира објектот на физикалното одделение во кругот на велешката болница. Планирано е да се постават нови прозорци, врати, подови, плафони, водовод, електрика, осветлување и санитарии.

Ова го најави заменикот-министерот за здравство Јовица Андовски по денешната посета на велешката болница.

Објектот на оваа одделение е стар околу 60 години и досега воопшто не бил реновиран, затоа била донесена одлука да се реновира согласно сите современи стандарди, во интерес на унапредување на условите во кои работи персоналот на ова одделение, а и условите за лекување на пациентите.

Рокот за изведба е три месеци од почнувањето на градбата, а во тек е процедура за постапка за избор на најповолен понудувач. Реконструкцијата ќе чини околу 140 илјади евра.

Физикалното одделението е последно што се реконструира во болничкиот комплекс. Тоа работи со двајца специјалисти и 12 физиотерапевти, а дава услуги на околу 133 илјади пациентите од Вардарскиот регион. Функционира со лежечки и пациенти кои добиваат амбулантска терапија.

Би можело да ве интересира

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството