Ќе се регулира речниот слив на река Струмица

Од:

Струмичкиот речен слив ќе се реставрира со финансиска поддршка од швајцарската Влада, а ќе се имплементира преку Програмата за развој на ОН во Република Македонија. Проектот е во времетраење од една година, а вредноста е 315.790 американски долари.

Договорот го потпиша денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации во Република Македонија (УНДП), Луиза Винтон.

Целта на проектот е реставрација на социо–еколошките функции на речниот слив Струмица преку развивање план за управување со сливот и хармонизација на националното законодавство со ЕУ директивите. Воедно, првпат ќе се преземат национални напори за применување на ЕУ принципите во поглед на справување со ризиците од поплави.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите