Ќе се пресече регионалниот пат до РЕК Битола за да не се поплави Новаци

Од:

Регионалниот пат кој води до РЕК Битола ќе биде пресечен за да се направи пропуст на водата која се заканува да го поплави селото Новаци, одлучи регионалниот кризен штап во координација со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски.

Како што информира градоначалникот на Битола Владимир Талески, веќе е дадена наредба за дејствување на механизацијата.

– На денешниот состанок, во координација со министерот Јанакиески, донесовме одлука да се пресече регионалниот патен правец Битола-Новаци кој води до РЕК Битола. Така ќе се намали притисокот што го прави водата и ќе се пренасочи во другиот дел на Пелагонија. Ситуацијата ја следиме на цел терен, изјави Талески.

Одлуката за сечење на регионалниот патен правец Битола-Новаци ја потврди и градоначалникот Лазар Котевски.

– Добивме дозвола од министерот Јанакиевски да го сечеме патот за да направиме вештачки испуст на водата која е надојдена и постојано се зголемува. Пробиено е коритото на Црна 100-тина метри од браната на РЕК Битола и деветиот канал. Поплавувањето на Новаци почна синоќа, ги евакуиравме и првите луѓе, но за да се спречи поголема катастрофа решивме да го преземеме овој чекор, напомена Котевски.

Сообраќајот ќе биде пренасочен кон Новаци – Добромири – Горно Агларци – Дедебалци -Добрушево – Тополани – Битола.

Надојдената вода  на Црна река се заканува да го урне мостот на патот кој поминува низ Новаци и води до РЕК-Битола. Доколку дојде  до тоа цело село Новаци и најголемиот производител на електрична енергија во државата ќе останат отсечени, потврди градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

– Ситуацијата е навистина алармантна, заради надојдената вода, веќе започнаа да се поплавуваат куќите на почетокот на селото, поплавено е и повеќенаменското игралиште а водата е дојдена скоро до училиштето. Затоа ги пуштивме децата да си одат дома и прекината е наставата заради нивна безбедност. Ситуацијата ќе беше далеку покритична доколку не преземевме превентивни мерки уште пред неколку дена кога копавме насипи и поставувавме вреќи со песок на критичните места. Ако тоа не го направевме несакам ни да замислам какви ќе беа штетите. Водостојот на река Црна вештачки се намалува затоа што водата се пропушта кон село Новаци, вели градоначалникот Котевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он

(ВИДЕО) Бројот на жртви од поплавите во Непал се искачи на 332

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

ВИДЕО: Десет години од катастрофалната поплава во населените места во општина Гази Баба

Предраг Петровиќ

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски