Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Од:

Заменик министерот за здравство Јовица Андовски потврди дека од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) денеска е побаран вонреден инспекциски надзор да биде извршен во Општата болница во Кавадарци и на Детска клиника во Скопје, во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци.

– Да, секако ќе се организираме утре за надзор, вака попладнево одговорија од Државен санитарен и здравствен инспекторат, во врска со смртта на тригодишно детенце од Кавадарци, чии родители рекоа дека бараат да се испита можно постоење на лекарска грешка.

Родителите на момченцето од Кавадарци кое почина вчера изутрина на пат кон скопските клиники, ги повикуваат надлежните во државата да испитаат можна лекарска грешка во врска со смртта на нивното детенце.

– Сабајлето во дваесет минути за три часот ме разбуди сопругата со детето во рацете омалаксано и ми рече да станам брзо оти не е арно синчето. Најпрвин побаравме лекарска помош во Кавадарци, но ми се чини дека нашата ситуација не беше сфатена сериозно. Затоа бараме да се формира комисија која ќе ги утврди точните околности под кои настанала смртта, ни почина во рацете, рече таткото Тони Стојанов во изјава за МИА.

Како што претходно соопштија од полицијата, тригодишното детенце било починато донесено на комплексот клиники ,,Мајка Тереза” во Скопје.

Од полицијата велат дека во службен разговор, неговата мајка Т.Ѓ.С.(36) од Кавадарци изјавила дека околу 3:00 часот го однела во Општата болница Кавадарци, од каде ги упатиле во Клиниката за детски болести при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што во 8:45 часот била констатирана смрт.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Кавадарчанец барал помош од полицијата откако го истепала сопругата

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил