Ќе се ограничат државните сметки во кафеаните, за повисоките функционери – побогати софри

Од:

Сите државни функционери ќе имаат ограничување на трошоците за угостителски услуги, а сумите што ќе бидат дозволени ќе бидат распоредени скалесто и ќе зависат од позицијата која ја извршува функционерот – ваква одлука донела Владата на денешната седница, но од кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски не откриваат колкави ќе бидат овие суми на месечно и годишно ниво.

Со одлуката, на сите државни функционери за првпат ќе им бидат ограничени трошоците за услуги во угостителските објекти при одржување на работни состаноци. Точно е определен износот што може да се користи по лице присутно на работниот состанок, а ограничувањето на износот е во зависност од функцијата на лицето кое го организира работниот состанок, велат од кабинетот на Николовски.

Со оваа одлука, како што се наведува во соопштението, се опфатени претседателот на Владата, замениците претседатели на Владата, министрите, замениците министри, генералниот секретар на Владата, заменик генералниот секретар, државните секретари, сите директори на институции, како и лицата избрани и именувани од Владата кои раководат со правните лица основани од државата.

– Целта на одлуката е истата да биде дополнителен механизам во ограничувањето и регулирањето на трошењето на буџетските средства, а предвидени се и соодветни контролни механизми и евиденција за реализираните угостителски трошоци што ги направил одреден функционер за одржување на работен состанок. Конкретно, при плаќањето, без разлика дали е со фактура, во готовина или со службена картица, функционерот до секторот за финансии во институцијата, задолжително мора да приложи и детален извештај за целта на работниот состанок, бројот на присутни лица, време, место и датум кога истиот се одржал. Без овие документи, Секторот за финансии во државниот орган нема да изврши исплата на угостителските трошоци, се појаснува во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски.

Во случај на пречекорување на дозволните лимити, лицето кое го направило пречекорувањето ќе мора да го надомести пречекорениот износ на финансиски средства најдоцна во рок од три работни дена од денот кога се одржал работниот состанок.

Државните органи се обврзуваат остварените трошоци за угостителски услуги да ги објавуваат јавно на веб страните на институциите.

– Во случај на непочитување на одредбите од оваа Одлука, се применуваат мерките од член 23 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада