Ќе се модернизираат патарините на автопатот Скопје-Велес

Од:

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов извршија увид во градежните работи за реконструкција и модернизација на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје – Велес.

„Министерството за транспорт и врски во соработка со Јавното претпријатие засилено работи на воведување на електронската наплата на патарината на Коридор 10.

Од страна на Министерството издадени се одобренијата за градење за сите пет наплатни станици што треба да се реконструираат.

Патарината Романовце кај Куманово е веќе во завршна фаза и набрзо ќе биде пуштена во употреба.

Оваа патарина и онаа од другата страна на Велес се во фаза на реконструкција.

Набрзо ќе започнеме со реконструкција на патарините Градско и Петровец, така да оваа година очекуваме целосно да ги модернизираме овие наплатни станици и да почнеме да го применуваме електронскиот систем на наплата.

Најрано за два месеци ќе се стави во употреба патарината Романовце и понатаму како другите патарини ќе се завршуваат така ќе се пуштаат во употреба.

Целта е сите патарини да се прошират со по неколку ленти, да се воведе електронска наплата и да се избегнат тесните грла особено во летните периоди кога имаме зголемен интензитет на сообраќај на Коридор 10.

Инвестиција е во вредност од 18,72 милиони евра, од кои 2,86 милиони евра се обезбедени од Буџет на РМ, а 15,86 милиони евра се обезбедени со поддршка од Европска банка за обнова и развој.

Што се однесува на новите патарини Демир Капија и Гевгелија сакам да информирам дека се во фаза на вадење одобренија за градење“ – изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта пред новинарите изјави:

„Во соработка со Министерството за транспорт и врски за неполни два месеца ги издадовме дозволите и оваа наплатна станица-патарина како и за другата наплатна станица од Велес за Скопје, а со тоа тие почнаа со изградба пред два месеца. Рокот за изградба е осум месеци. Целта е Коридорот 10 до крајот на годинава, а овие две наплатни станици до почетокот на летната сезона, да бидат како што бараат и граѓаните со повеќе ленти, односно ќе бидат со пет ленти.“

Според Китанов, на почетокот ќе има наплата како и досега, во кеш и со картичка. Истовремено на една рампа ќе биде со електронско плаќање и полека како граѓаните ќе се привикнуваат на новиот систем, така ќе се воведува електронската наплата.

Би можело да ве интересира

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

По објавата на „А1он“: Превозниците кои плаќаа казни за лиценца која не постои повикани на средби во економија и транспорт и врски

Орце Костов

ДУП-от за „Холидеј ин“ не може да се суспендира, општина Центар не доставила правилни елаборати

Жарко Настоски

Државен стан за семејството на Верица Белчовска, девојката чии органи спасија три животи

Жарко Настоски

Транспортна стратегија до 2030: Со воз до скопскиот меѓународен аеродром

Наум Локоски

ВИДЕО: Визер ќе опслужува четири нови дестинации од Охрид и две нови од Скопје

Наум Локоски