Ќе се гради приватна градинка во Илинден, користени владините поволности

Од:

Со користење на поволностите што ги дава Владата за изградба на приватни детски градинки, како и грантот неповратни средства во висина од 10 илјади евра за што јавниот повик се уште е во тек, Изворче Монтесори во општина Илинден ќе гради центар кој ќе опфаќа детска градинка, научноистражувачки центар и во втората фаза основно училиште.

– Пакетот од ниска почетна цена за градежно земјиште од едно евро за метар квадратен, намалени комуналии за изградба на вакви објекти за 95 проценти, можностите за искористување на поволните кредитни линии преку Македонската банка за поддршка на развојот како и најновата мерка грант неповратни средства од 10 илјади евра за отворање приватна детска градинка ги потикнуваат приватните инвеститори и во изминатите две три години се зголемува бројот на новоотворени детски градински, рече министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Притоа тој информира дека се уште е во тек, и ќе трае до исполнувањето на определените квоти, јавниот повик за грант – неповратни средства во висина од 10 илјади евра за отворање приватни детски градинки.

– Накоро ќе почне изградбата на нов модерен современ објект по сите меѓународни стандарди кој ќе работи по Монтесори програмата. Тие ги искористија сите поволности кои ги нуди Владата, истакна Спасов.

Божана Марковска, директор на Изворче Монтесори, кои веќе имаат една објект во Скопје, истакна дека се одлучиле да го реализираат овој проект пред се поради поволностите што ги дава Владата.

– Ние влеговме во овој проект поради поволностите што ги дава Владата, бидејќи ние не бевме моќни да си дозволиме да купиме над 10.000 квадрати парцела. Овој проект успеа благодарение на заложбите на моето семејство, на општина Илинден, Владата и на поддршката од МТСП, рече таа.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза