А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Ќе се гради 15 километри нов пат од Билјанини извори до Пештани

by А1он18/07/2014 - 15:51105
Share0

Во завршна фаза е изработката на проектот за изградба на пат од Билјанини извори до селото Пештани, а по негова изградба ќе се работи и на проект од Пештани до Свети Наум, информира денеска директорот нa Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.

Следете a1on на Instagram Instagram

Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на осветлувањето на клучката кај Вевчани, Георгиевски појасни дека се работи за 13 до 15 километри пат.

– Станува збор за нов проект, нова траса, не на постоечката. Реализацијата очекуваме да почне некаде 2015/2016 година. Во овој момент се изработува проектот, потоа следува ревизија. Работиме и на експропријацијата, односно обесштетување на граѓаните, кои имаат имот на таа траса, и веднаш потоа почнуваме со градба, изјави Георгиевски.

Тој посочи дека потоа ќе се работи и на проект за изградба на патот и од Пештани до Свети Наум. – Но тоа ќе следи потоа, засега планирани се овие 15-тина километри, нагласи Георгиев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Директорот на ЈП за државни патишта истакна и дека се предвидени неколку клучки, што ќе ги поврзуваат населените места.

ohrid

Би можело да ве интересира

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ15/08/2026 - 10:4415/08/2026 - 10:46

Во јуни 113 436 туристи и 221 608 ноќевања, најмногу гости од Турција, Србија, Германија и Бугарија

Катерина Ѓуровски11/08/2026 - 12:56

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он02/08/2026 - 14:56

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски24/07/2026 - 12:1224/07/2026 - 12:12

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Горан Наумовски24/07/2026 - 10:55

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Предраг Петровиќ20/07/2026 - 09:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео