Ќе се дигитализираат водомерите по домаќинствата во Македонска Каменица

Од:

ЈП „Камена Река“ од Македонска Каменица од месец март ќе започне со дигитализација на водомерите по домаќинствата што треба да донесе и порационално користење на водата од граѓаните. Ова денеска го изјави Влатко Димитровски, технички директор на ЈП „Камена Река“ при што потенцираше дека досега водата се наплаќала паушално.

– Ова ќе значи рационално користење на водата, досега беше паушално наплаќање и тоа се наплаќаше по пет кубика вода од член на домаќинство во колективните згради, а по шест кубика од член во индивидуалните објкети за домување. Ние веруваме дека со дигитализацијата на водомерите ќе се зголеми рационалното користење и залихите на вода ќе бидат поголеми, а со тоа ќе се превенира опасноста од недостиг на вода, рече Димитровски.

Тој додаде дека досега со модул за дигитален читач на водомерите се снабдени сите угостителски објекти, но и фирми, а со подобрување на временските услови ќе започне инсталацијата на дигиталните водомери и по домаќинствата. Цената на водата во Македонска Каменица е 23 денари од кубик.

За потребите од нова механизација на ЈП, општината и оваа година од буџетот издвоила пет милиони денари.

Градоначалникот Дарко Митевски потенцираше дека оваа тенденција на Општина Македонска Каменица е со цел да се подобри функционирањето на Општината, да се подобри организираноста на ЈП и сите услуги кои тие ги даваат да бидат со понсика цена на чиење.

– Планираме да набавиме нова машина за прочистување на селските патишта од снег, некоја форма на грејдер, исто така и помала машина која им е потребна за уредување на сите површини во општината, а предвидовме и средства за модернизирање на старите водомери, рече Митевски.

Во текот на минатата година со средства од општината, ЈП има набавено ровокопач, метачка за собирање смет и машина за расфрлање песок.

Би можело да ве интересира

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски

Нормализиран собраќајот на регионалниот пат Делчево – М. Каменица

Жарко Настоски

Граѓанско учество во креирање на општинскиот буџет во Македонска Каменица

Ана Ололовска