Спасовски: Ќе има нови возила за оперативно работење на македонската полиција, а не да се возат министри, заменици, директори…

Од:

Ова е прва година во која бараме поголеми финансиски средства предвидени во Буџетот за набавка на возила и на мебел, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата од страна на опозицијата за набавка на нови возила и на мебел за потребите на МВР.

Последната голема набавка, информира тој, е направена некаде 2008 година и многу од возилата веќе се со лоши перформанси. Спасовски нагласи дека се трошат финансиски средства за поправка на овие возила.

– Предвидени се финансиски средства за набавка на возила, меѓутоа не за возила во кои ќе се возат министри, заменици, директори…, туку возила што ќе бидат за оперативно работење на македонската полиција. Клучната работа на полицијата, ефикасноста, зависи од тоа колку се опремени македонските полицајци и токму од тој аспект се предвидени овие финансиски средства, рече Спасовски по предвањето на донација од возила наменети за Единицата за службени кучиња при МВР од страна на шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Во врска со прашањето кое опозицијата го поставува за набавка на мебел, Спасовски меѓу другото одговори дека по 2005 година првпат ова раководство на МВР гради нова зграда на крим-техника, која треба да биде целосно опремена, а покрај другото опремена и со мебел, ако сакаме да профункционира.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски