Ќе има ли втор круг во Струмица, еден приговор на ВМРО-ДПМНЕ усвоен

Од:

Државната Изборна Комисија рано утрово го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за избирачкото место број 1727 за општина Струмица, а за другите два приговора за гласачките места 1730 и 1734 расправата ќе ја продолжи.

Станува збор за гласачките места кај “старата кожара“, во ООУ “Никола Вапцаров“ и во ООУ “Маршал Тито“ во градот Струмица за кои ВМРО-ДПМНЕ има поднесено приговори за неправилности во гласањето, и на 7-ми април може да има прегласување.

Вкупниот број на гласачи во овие три места е 3.255, од кои на локалните избори во неделата излегле да гласат 2.553 граѓани.

Од нив, 1.436 граѓани гласале за кандидатот на СДСМ, Зоран Заев, 1.034 за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Васил Пишев, 10 за Ристо Божијанов од СДПМ, 6 гласови за Панче Јаков од СДУ, а 67 биле неважечки.

До прекинувањето на седницата траеа кавгите, обвинувањата за двоен аршин и политизација на работата во ДИК.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ бараа нешто што кога се работеше претходно за приговори на СДСМ, жестоко се спротивставуваше.

Во еден момент откако мнозинството со надгласување прифати на едно место да се прегласува, претседателот на ДИК, Борис Кондарко, по долгата расправија за едно ливче, го искина приговорот, обвинувајќи дека е подметнат. На приговорот немаше ни печат ни архивски број од ДИК.

ДИК продолжува со расправа. Доколку се прифатат сите три приговори, што е можно, во Струмица, скоро е невозможно ВМРО-ДПМНЕ да предизвика втор круг во Струмица.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски