Ќе им се суди на две деца од Неготино кои не го почитувале полицискиот час

Од:

Од ОВР Неготино до Основното јавно обвинитeлство Кавадарци денеска биле доставени кривични пријави за 22 лица, од кои 20 полнолетни и две деца, кои што во временскиот период од 25–29 март го прекршиле полицискиот час.

Двајца од нив патувале со возило во Неготино и околината. Другите се движеле пеш во градот Неготино и селата Корешница и Тремник.

Основното јавно обвинителство Кавадарци за полнолетните лица поднело предлози за издавање казнени налози за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои на надлежниот суд му предложило за секое од лицата да изрече парична казна во висина од 40 дневни глоби, секоја во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

За двете деца ќе се води постапка пред Основниот суд Кавадарци, како стварно надлежен суд за постапување во предмети против деца.​

Би можело да ве интересира

Починато бебе донесено во неготинската болница, телото на обдукција

Апсења во неколку градови низ Македонија: Предистрага „Синџир“ за дела против јавните финансии

Александар Тодески

Полицијата со детали за сообраќајката во која загина 77-годишен пензионер од Неготино

Изгасени пожарите кај Неготино и Демир Капија – гасеа и авион на ДЗС и хеликоптер на МВР

А1он

Семејно насилство: Со нож и се заканувал на сопругата и на нејзиниот татко

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час