(ВИДЕО) Ќе добие удар со чекан, да види на кого сила покажува

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави разговор за кој посочи дека е помеѓу Гордана Јанкулоска и Зоран Ставрески кој бара да интервенира за негов вработен да му се одмазди.

-Овој копиљов од кај мене што аплицираше пред Апелационен суд, ме изнервира, сакам таму да му го загорчам животот. Можеш ти да се јавиш, да рече не може ова, по партиска треба линија да се вработи.
Пиша една порака извинувачка, ама се гледаше дека не е искрена. Добар работник е, и чесен човек е, ама штом сака сила да покажува ќе добие удар со чекан, да види на кого сила покажува.

Разговор помеѓу Зоран Ставревски и Гордана Јанкулоска

ГЈ: Ало?
ЗС: Горде?
ГЈ: Е кажи?
ЗС: Можеш да збориш?
ГЈ: Можам, само еве. Водам комисија да искочам, извини, секунда.
ЗС: А добро, бе добро, заборавив, не е итно.
ГЈ: Не бе кажи, искочив.
ЗС: Еј…
ГЈ: Кажи бе кажи.
ЗС: Види, овој копиљов од кај мене што ти кажував у Апелационен суд што аплицираше, инат тера. Значи не го повлекува од кај мене барањето, игра на картата за да изминат 30 дена пошто по автоматизам нели му следува решение…
ГЈ: Да де да.
ЗС: …од понеделник немало да оди на работа и ме изнервира право да ти кажам, сакам таму да му го загорчам животот. Можеш ли ти, по некоја партиска линија тоа да го направите? За да не бидам јас директно, да не дигам слушалка, него Стојче, или кој ти е таму да се јави таму и да рече: не може ова да се вработи, по партиски треба да биде вработувањето, и не ни е партиски…
ГЈ: Види, знаеш што може. Он сега фактички, Апелационен суд…мислам, може ова, да ти одговорам директно, ќе се јави денес. А, Апелационен суд ќе треба да бара обнова на согласност од тебе сега.
ЗС: Да де да, ја ќе им дадам за еден.
ГЈ: Не ти ќе им дадеш, таму 10 се, ти за 9 ќе им дадеш. И они ќе треба да се јават: кој? Ќе кажеме: тие и тие се океј, овој не е. Сфаќаш?
ЗС: Да. Тоа исто можам, пошто 2012 немаат они согласност, ќе треба да ја обноват од 2011.
ГЈ: Да де да, и не може да ги пријават. И ти кога ќе им дадеш 9 место 10 за пријавување…
ЗС: Ама да проверам јас, да не побарале и да не сум потпишал, да не сум превидел па
ГЈ: А добро, океј. Иначе ја секако ќе се јавам, ама пак да не не зезнат негде знаеш. А ја ќе се јавам и у Агенција да водат сметка за овој.
ЗС: А не, ја у Агенција можам или од кај тебе овој?
ГЈ: Не, сеедно. Мислам ќе се јавам и јас, и ти јави се за да направиме систем на контрола.
ЗС: Добро, важи.
ГЈ: Нешто да се зезне работава, да се искомплицира.
ЗС: Да, пошто тера по свое.
ГЈ: Да де да, многу дрско.
ЗС: Не се покорува, дрско. А ја немам обичај на луѓето да им пречам во животот, ама овој пошто дрзок од прв ден и не ја научи лекцијата.
ГЈ: А бе и дури некој да е што е океј човек, еве згрешил, па да рече извинете, вака-така, битно ми е, шанса ми е, ради кариера, да разбереш така?
ЗС: Он пиша една порака така, извинувачка, ама се гледаше дека не е искрена, него си кажа дека, така се нашол он у целава ситуација у средина. Пази молим те, бистро дете е, не е глуп.
ГЈ: Да де да.
ЗС: Со положен правосуден е. И океј, добар работник ми е. Не е лош работник, уопште.
ГЈ: Па не, и таму он ептен високо рангиран е.
ЗС: И чесен човек е, и тоа исто. Ми е криво за целава ситуација вака што настана, ама штом сака сила да покажува, ќе добие удар со чекан, па да види на кого покажува сила.
ГЈ: Како му беше точно на него името.
ЗС: Кирил Доневски.
ГЈ: Да, оти ти ми го кажа тогаш…
ЗС: Од Велес е. Кире Доневски.
ГЈ: Да, да океј е. Ти ми го кажа тогаш, ама го немам кај себе.
ЗС: Добро.
ГЈ: Важи, ќе ….Океј, ајде
ЗС: Ајде чао.

Би можело да ве интересира

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Дојава за бомба во РТС

По дојава за поставена бомба: Затворени 27 училишта во Белгија

Детали за инцидентот во Призрен: По тепачката фрлена e рачна бомба, десет лица се повредени

Горан Наумовски