„Ќе дишеме или ќе издишеме“ со Отворено писмо до Директорот на клиника за белодробни заболувања Козле

Од:

Револтирани од условите во Клиниката за белодробни заболувања во Козле, иницијативата „Ќе дишеме или ќе издишеме“ испратија писмо до Оливер Зафировски, директор на клиниката.

Писмото ви го пренесуваме во целост.

До

г-дин Оливер Зафировски
Директор на Институтот по белодробни заболувања кај децата-Козле

Г-дине Зафировски,

Ако сме граѓани на оваа држава на која редовно и плаќаме здравствено осигурување ние секако имаме право да бидеме информирани за неколку работи кои се во Ваша надлежност  но се во наш интерес. Ќе Дишеме или Ќе Издишеме бараат јавно да ја соопштите бројката на дечиња кои се лекуваат во последниве три години на Институтот по белодробни заболувања кај децата. Бараме јавно да го соопштите бројот на дечиња кои на дневна основа се примаат на контролен преглед на Институтот.

Бараме јавно да ја соопштите бројката на дечиња примени по оддели:

-отсек за респираторни акутни болести кај мали дечиња
-отсек за недефинирани респираторни состојби кај дечиња и деца до 16 годишна возраст
-отсек за хронични и алергиски респираторни заболувања

Бидејќи имате наведено дека основен мотив и предизвик на оваа институција е што може повеќе да посвети внимание на превенција и да се помогне во развојот на здрава популација Ќе Дишеме или Ќе Издишеме прашуваат:

– Дали е во огромен пораст бројот на деца со респираторни проблеми и деца со алергиски заболувања ?

Исто така би сакале да бидеме информирани што Вие превениравте последниве неколку години (освен присуство на протокуларните конгреси) и како Вие алармиравте за загаденоста на воздухот и зголемениот број на алергени посебно во Скопје,Тетово и Битола.

Ќе Дишеме илли Ќе Издишеме  деновиве го посетија  Институтот по белодробни заболувања кај деца во Козле . Да Ве потсетиме дека имате неисполнето ветување.Кое ?! Следново –

„Новата зграда чини осум милиони евра (НАШИ ПАРИ) и ќе биде изградена до 17.09.2014 година”.

Ова отворено писмо го пишуваме на 14.04.2015 година. Зградата НЕ  е пуштена во употреба до ден денес а ситуацијата на терен е КАТАСТРОФАЛНА  и е евидентирана од нашите активисти.

ПС.На ден 18.12.2014 имате добиено донација од 500 000 денари од АД Мепсо за набавка на нови апарати.Како граѓанска иницијатива сакаме да бидеме информирани  која е апаратурата која ја набавивте за тие средства ?!

И во иднина би сакале да ја разграничите партиската и директорска функција така што во јавните настапи нема да се заблагодарувате на „партиски” фунционери на хуманитарни базари.

Во најмала рака е дрско и безобразно.

За Институтот се издвојуваат пари од здравственото осигурување на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски

Вработувањата на 1.117 лица во здравството не се предизборни, тие веќе работат по клиниките, тврди Ковачевски

Орце Костов