„Ќафасан“ ја замени „Богородица“, за влез во Албанија се чека со часови

Од:

Гужва, пцовки, викање и свирење од автомобилите се слуша на граничниот премин Ќафасан, каде за влез во Албанија се чека со часови.

Оние кои се поснаодливи и успеваат да се протнат во редот за чекање успеваат да ја поминат границата и за еден час, но останатите остануваат заглавени во гужвата со часови.

„Се измачивме по пат, се возевме осум часа додека стигнавме до морето. Еден викенд е малку за ова малтретирање. И на Стража е ужас, ама на граница е пеколно“, коментира една патничка која утрово патуваше кон Албанија.

Македонските патници минатите години вообичано ја бираа Грција како дестинација за продолжен викенд, па слична слика можеше да се види на граничниот премин „Богородица“, но Грција ова лето одлучи да не ги отвори границите за повеќето земји, поради пандемијата на Ковид-19.

Овој викенд илјадници македонски граѓани ги избраа плажите на Албанија како место за релаксација.

Би можело да ве интересира

Снег на повеќе места, забрана за камиони на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Горан Наумовски

Прекин во двата правца кон „Ќафасан“ поради сообраќајна несреќа

Инспекциските служби спречија увоз на 26 тони пилешко месо од Бразил преку „Ќафасан“

На „Ќафасан“ се чека околу 40, а на „Табановце“ и „Богородица“ околу 30 минути

Горан Наумовски

На „Ќафасан“ уапсен кичевец осуден на 20 години затвор за трговија со дрога во Швајцарија

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија