Китев: Ветуваме вода за наводнување за површините кои сега не се наводнуваат

Од:

Ветуваме вода за наводнување за земјоделските површини кои сега не се наводнуваат, рече на денешната прес-конференција Бетиане Китев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од СДСМ и коалицијата.

– Се наоѓаме во Брушани, околу се селата Ресава, Бегниште и Дабниште. Регион од кој сите винарии ја црпат основата за производство на вино. Даваме ветување и се обврзувам заедно со Владата за овој регион да изградиме и инсталираме пумпна станица која ќе црпи вода од езерото и ќе ги задоволи потребите на лозаропроизводителите. Од формирањето на езерото па до денес населението од овој крај е без можноста за наводнување на земјоделските површини, нагласи Китев.

Со тоа, рече, земјоделците од овој крај се во незавидна состојба.

– Идејата за изградба и инсталација на пумпна станица е стара, но до денес нереализирана. Еден крак од пумпната станица ќе се насочи кон високите површини на Возарци и Дреново. Ова е значаен проект кој го нудиме за населението од овој регион и заедно со Владата тоа и ќе го реализираме, соопшти тој.

Додаде дека од овој проект дополнително поволност ќе имаат сопствениците на викенд куќите на брегот на езерото, со тоа што ќе добијат технолошка вода.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ