Китев: Се залагаме и за правата на пензионерите

Од:

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Кавадарци Бетиане Китев денеска најави дека ќе се залагаат и за правата на пензионерите. Тој се сретна со Илија Николовски, претседател на Партијата на обединети пензионери и граѓани на Република Македонија.

– Идната локална самоуправа ќе се залага и за исполнување на барањата на пензионерите, се со цел подобрување на нивниот живот, нагласи Китев.

Во изјава за медиумите, Николовски рече дека дошол да му даде поддршка на Китев.

– Да видиме што можеме да направиме за унапредување и подигнување на стандардот на пензионерите во Република Македонија, а со тоа и во Кавадарци, додаде тој меѓу другото.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори