Китев: Нашата програма во голем дел се фокусира на локалниот економски развој

Од:

Нашата програма за локалните избори во голем дел се фокусира и на локалниот економски развој, изјави денеска Бетиан Китев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од редовите на СДСМ и коалицијата. На денешната прес-конференција тој најави поддршка за домашните фирми, пред се за малите и средни претпријатија.

– Ќе обезбедиме еднакви услови за инвестирање и за домашните и за странските фирми. Посебен акцент ќе биде ставен на микро, малите и средни компании кои ќе бидат субвенционирани како од централната, така и од локалната власт, нагласи тој.

Локалната администрација, додаде, ќе биде фокусирана и ќе работи напорно за изнаоѓање начини за искористување на средства од најразлични фондови.

– Посебен дел во програмата за локален економски развој имаме ставено и на младите претприемачи. Младите ќе бидат во центарот на развојот на општина Кавадарци. Покрај субвенциите за мали бизниси од централната, таква помош ќе добиваат и од локалната власт, додаде тој.

Најави исто така нов бизнис и старт ап центар во Кавадарци, каде младите кои сакаат да започнат сопствен бизнис ќе добијат бесплатни простории.

– Планираме да ја вклучиме бизнис заедницата во дефинирање на приоритетите на општината. Ќе организираме бизнис форум еднаш годишно со локални стопанственици и стопанственици од странски општини и држави. Ќе формираме и база на компании-извозници кои ќе бидат промовирани на странските пазари, рече Китев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе бидат апсолутни победници на локалните избори, вели Мицкоски

Во Албанија изборен молк пред делумните локални избори

А1он

Поткуп од 1500 денари за глас во Кочани

А1он

Илиевски: Итна и целосна гасификација на сите домаќинства и индустриски капацитети во Куманово

А1он

(ВИДЕО) Шилегов: Скопје станува европска метропола каде луѓето се важни

А1он

Шилегов: Реконструиравме 40 градски улици и изградивме четири нови булевари во Скопје

А1он