А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Китев: Ќе создадеме подобри услови за младите во Кавадарци

by А1он02/10/2017 - 14:50162
Share0

Ќе создадеме подобри услови за младите во Кавадарци, порача Бетиане Китев, кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата на денешната прес-конференција.

Добивај вести на вибер

– Десет години младите беа заборавени од власта на ВМРО-ДПМНЕ. Многу од вашите другари и другарки се иселија во странство во потрага по подобарживот. Но локалната власт на ДПМНЕ, осум години не најде време и средства да направи нешто повеќе за младите од Кавадарци, нагласи тој.

Соопшти дека на просторот на поранешната дискотека Ла Луна, кој е целосно запуштен, ќе никне современ младински културен центар, каде младите ќе може да творат, да се дружат, да дебатираат.

– Младите конечно ќе добијат свој простор каде ќе може да го реализираат својот креативен потенцијал. Во соработка со Владата, ќе изградиме бизнис и старт-ап центар во Кавадарци, каде младите кавадаречки претприемачи ќе добијат бесплатни простории и бесплатни правни и сметководителски услуги, посочи Китев.

Вети реконструкција на градскиот базен во Кавадарци и натпревари за млади иноватори.

-Најдобрите идеи и проекти ќе бидат финансирани од општината за да го презентираат својот изум/проект на саеми во странство. Ќе ги стипендираме десетте најдобри студенти од техничките факултети. Нема повеќе да дозволиме талентираните инженери од Кавадарци да ни бегаат во други градови или во странство, додаде тој.

kavadarcikitevlokalni izborisdsm

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Горан Наумовски24/03/2026 - 11:52

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 12:22

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Горан Наумовски19/03/2026 - 19:36

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 14:0617/03/2026 - 17:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто