Китев: Кавадарци заслужува подобра патна инфраструктура

Од:

Кавадарци заслужува многу подобра патна инфраструктура, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на СДСМ и коалицијата Бетиан Китев.

– Изминативе осум години, многу малку се инвестираше во подобрување на состојбата на патиштата во Кавадарци. Моментално состојбата со улиците и булеварите во Кавадарци е катастрофална. Некои улици се целоснораскопани и непроодни. Граѓаните возејќи по такви улици, значително ги оштетуваат своите возила, но исто така и безбедноста на сообраќајот е намалена, рече тој.

Најочигледен пример е, додаде, Северниот булевар, кој е главна сообраќајна артерија и обиколница на Кавадарци. Тој е според него целосно уништен и е често пати непрооден, особено во зима или кога врне дожд.

– Нашиот план е да градиме одговорно, квалитетно и домаќински. Во нашата Програма „План За Живот во Кавадарци“, покрај реконструкцијата на влезовите, планираме и замена на асфалтот на главните улици во градот, но и периферијата, кој поради забот на времето е значително оштетен.

Сметаме дека со овој зафат значително би се подобрила патната инфраструктура во Кавадарци и би се олеснило движењето на возилата, додаде Китев.

Кавадарци, рече, како индустриски град заслужува и мора да има подобро средени улици и патишта.

– Планираме и изградба на три нови кружни текови. Со изградбата на овие три нови кружни текови би се постигнала подобра регулација на сообраќајот во градот, но и значително би се подобрила безбедноста.

Во нашата програма имаме предвидено и реконструкција на уште многу улици, како во градот, така и по селата, нагласи тој.

Само со квалитетна инфраструктура, додаде, може да имаме квалитетен живот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“