Китев: Кавадарци има огромен туристички потенцијал и можности за културен развој

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ Бетиане Китев денеска најави дека Тиквешкото Езеро ќе го промовира како атрактивна туристичка атракција со можност за воведување туристички тури со брод по Езерото.

Тој порача дека и селскиот туризам во подкожуфките села нема да биде заборавен.

– Со помош на ЕУ фондови ќе ги доизградиме патиштата до подкожуфските села со цел овој дел да стане привлечен и за домашни и за странски туристи, рече Китев.

Според него, Кавадарци има огромен туристички потенцијал и можности за културен развој. Но, смета дека изминативе 8 години културниот живот во Кавадарци, а особено манифестацијата “Тиквешки гроздобер” биле целосно запоставени.

Нагласи дека тоа мора да се промени и додаде дека промените што ќе се случат во Кавадарци ќе бидат и во насока на враќање на сјајот на Тиквешкиот гроздобер и на културниот живот во општината.

– Ќе ги реконструираме домовите на културата во Ваташа, Сопот и Дреново, кои моментално целосно се распаѓаат. Тиквешкиот Гроздобер ќе стане регионален настан, препознатлив не само во Македонија, туку и низ цел Балкан. Посебен акцент ќе ставиме на Тиквешкиот карневал. Ќе го вратиме и саемот на земјоделски производи и машини, ќе организираме саеми на вино, истакна Китев.

Најави дека ќе го развиваат и винскиот туризам во Кавадарци со изградба на вински пат кој ќе го заобиколува градскиот парк и ќе завршува на улица “Дисанска“. Патот, како што рече, ќе располага со атрактивни туристички содржини и мини винарии за дегустација на вината од Тиквешијата.

Посебен акцент, како што најави, ќе биде ставен на зацврстување на врските со збратимените градови, но и соработката со други градови. Соработката ќе се прошири како во размена на ученици и студенти, во меѓусебна посета за културни манифестации, но и во соработка за поголеми проекти од заеднички интерес.

– Почитувани сограѓани, овие избори се важни за сите нас. Да гласаме за промени. Да гласаме за враќање на животот во нашата општина. На Кавадарци му треба тим кој ќе го направи модерна европска општина, повика Китев.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ

Максим Димитриевски даде отчет за сработеното: Куманово продолжува да се менува

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ