Гасификацијата, изградбата на детска градинка, решавање на проблемот со градскиот пазар, реконструкција на сите улици и булевари што на некој начин ќе ја подобрат патната инфраструктура што сега е оштетена, се приоритетите за кои говореше денеска на прес-конференција Бетиане Китев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од СДСМ и коалицијата.
– Да упатам повик уште еднаш, да го искористите вашето право на глас и на 15 октомври да гласаме заедно за редниот број 19 и за градоначалник и за совет предводени од СДСМ и коалициските партнери, затоа што само на тој начин ќе успееме да направиме промена на локалната власт која што ќе значи живот за сите во Кавадарци, апелираше Китев.
Да го направиме Кавадарци, додаде, подобро, посреќно, похумано место за живеење од сите можни аспекти.
– Соработката со централната власт е од исклучително значаење за локалната власт, секоја одговорна локална власт мора да соработува со Владата, токму заради тоа убеден сум дека заедно со помош од стабилната Влада ќе направиме многу нови проекти кои што на некој начин ќе го подобрат животот во Кавадарци,тоа е наша примарна цел, нагласи Китев.