ФОТО: Кисела Вода го одбележува 58. роденден

Од:

Општина Кисела Вода со повеќе активности денеска го прославува 58. роденден.

Како што информираат од Општината, одбележувањето почна со свечена седница на Советот, на која присуствуваа потпретседателот на Собранието на Република Македонија, поранешни претседатели на Советот, поранешни советници, претставници на бизнис заедницата, членови на општинската администрација, претставници на основните училишта, детските градинки и други гости.

sl6 29.06.2013

Свечената седница ја отвори претседателот на Советот Трајче Донев, кој порача дека Советот е избран од граѓаните и тие секогаш треба да бидат на прво место.

– Од самиот почеток, со изборот на Тасе Ивановски за претседател и Александар Јовановски за секретар на Народниот одбор на Општина Кисела Вода во 1955 година, па се до денес на кормилото на најстарата скопска општина застанале преку 20 челници, кои со својата пожртвуваност и несебично залагање придонеле општина Кисела Вода да го најде своето место во семејството на успешни општини во Република Македонија, рече  градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ.

Таа наведе дел од досега реализираните проекти и порача дека тие проекти ќе биле само парче испишана хартија, доколку не беа поддржани од Советот на Општината.

sl5 29.06.2013

На свечената седница беа доделени плакети за особен придонес во развојот на Општината.

По повод роденденот се одржа и дефилето на Буба клубот и мото клубот „Ноќни Волци”, кои направија парада низ целата општина и го финишираа дефилето во урбаната заедница Расадник, каде се одржа голема забава, на која беа доделени наградите за најубаво уреден двор и тераса во општината.

Активностите за одбележување на роденденот на општината продолжуваат попладнево со организација на Хуманитарна Коријада, во паркот „Фредерик Шопен”, во периодот од 17:30-19 часот.

Би можело да ве интересира

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме

(ВИДЕО) Запалени три возила во Аеродром, штетат е голема, полицијата уапси двајца пиромани

Горан Наумовски

Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Влен: Синоќа Скопјe беше трансформирано во центар на албанското единство

Горан Наумовски