Кирков: Данела Арсовска да ги прекине скапите прошетки и да одговори за поморот на животни во Зоолошката градина

Од:

Скопје не се развива по програмата „За модерно Скопје“ туку Скопје е темен град, град заробен од неспособноста на Данела Арсовска која со нејзиното водење на градот го уназади истиот во секое сегменти. Покрај колапсот на секое поле и низ сите јавни претпријатија која ги води Арсовска и нејзините кадри, за жал на ред дојде и скопската Зоолошка градина и животните во неа рече на прес конференција Стефан Кирков член на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– Во последниве месеци имаме голем помор на животни и сето тоа пред целокупната јавност умешно низ ПР пропаганда се сокриваат причините за истото. Пред само 24 часа Скопје ЗОО ги загуби 3-те коњи од расата ПРЕЖЕВАЛСКИ КОЊ кој важат за едни од најретките коњи во светот кои се вистинско богатско и раса која е пред исчезнување и заштитена со закон. И додека Арсовска која зема плата 2.000 евра и во моментов повторно е на посета по скапите метрополи и после 24 часа, немаме никакво известување од ПР службите на оваа установа, ниту од Град Скопје, умешно се молчи со цел да се сокријат причините за смртта на коњите и целокупниот помор кој што се случува во моментов во скопската Зоолошка градина, вели Кирков.

Тој праша и зошто ако на секои три месеци се распишува тендер за набавка на свежа храна во износ од 10-тици илјади евра, како истото е можно и зашто животните се хранат со донирана непроверена храна за која не постои технолог вработен во оваа установа за проценка на квалитетот на храната и дали треба да се хранат животните со истата, каде завршува храната која редовно се дистрибутира од постапките кои што се со завршен тендер и потпис?

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Потпишан меморандум за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски