Кирил Петков: Нема изгледи за укинување на ветото на овој самит

Од:

Бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков, кој не го преживеа гласањето за доверба на неговата влада, во Брисел изјави дека нема изгледи за деблокирање на отворањето на преговорите со Северна Македонија на овој самит на ЕУ.

„Нема изгледи за укинување на ветото на овој самит“, рече Петков по пристигнувањето на самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, јави дописникот на новинската агенција Хина од Брисел, а пренесе телевизијата Н1.

Петков изјави дека зеленото светло за укинување на ветото на Северна Македонија во бугарскиот парламент треба да биде одржливо решение, без разлика кој е на власт во Софија.

Бугарските парламентарци во средата и изгласаа недоверба на владата на премиерот Кирил Петков, што предизвика политичка криза во земјата за време на војната во Украина и зголемена инфлација.

Петков ја обвини бугарската опозиција дека го користи македонското прашање за да ја уценува неговата влада секогаш кога стравуваат дека ќе бидат откриени нови корупциски скандали додека биле на власт.

Би можело да ве интересира

Европската идеја не смее да се сведува на уцени, ова што ни се случува е неправда, вели Тошковски

ВИДЕО: На барање на известувачот Вајц, одложено гласањето во АФЕТ за извештајот за Македонија

АФЕТ ќе гласа за усвојување на Извештајот на Вајц за земјава

Катерина Ѓуровски

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија

Бугарија и Македонија треба да разговараат и да најдат решение за билатералното прашање, порача Кос

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Агендата на Софија е создавање нова македонска нација, Европа има шанса да ја исправи историска неправда

Катерина Ѓуровски