Кирил Петков и бугарската делегација пристигнаа во Битола

Од:

Бугарскиот премиер, Кирил Петков пристигна во Битола каде ќе присуствува на отворањетo на Центарот за култура „Иван Михајлов“.

Петков е во друштво на министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова и пратеничката Екатерина Захариева.

Градот е под засилено полициско обезбедување поради посетата на високата делегација.

Бугарската делегација ја дочекаа и трансперенти во битолско. „Гоце=Македонија“, „Кога ќе признаете дека има Македонци во Бугарија?“, „Фашисти пресоблечени во администратори“, се дел од транспарентите кои жители на битолското село Кравари ги истакнаа денеска по повод посетата на бугарска делегација во Битола, предводена од премиерот Кирил Петков.

Бугарската делегација ќе го посети и Охрид.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски