Кирил Божиновски ги плаќал Дурловски, Илиевски и Јовановски за да го потпалуваат народот

Од:

На денешното рочиште за сусењето за крвавиот четврток, обвинителката Вилма Рускоска, давајќи го завршниот збор за обвинетиот Игор Дурловски рече дека според исказите на сведоците дадени во постапката, тој заедно со Богдан Илиевски и Владо Јовановски биле исплаќани од Кирил Божиновски да ги организираат и водат протестите за заедничка Македонија.

Според обвинителката, Дурловски тоа не го правел од идеолошки, туку од материјални побуди.

“Смело е што се коцкаше со судбината, но криминално е да се коцкаш со иднината на државата”, рече Рускоска и потсети дека на Дурловски му се заканува казна затвор од најмалку 10 години.

Во предметот им се судеше на 33 лица, од кои 31 за терористичко загрозување на уставниот поредок и двајца како помагачи. Од нив, 15 беа амнестирани, а им се суди на 18.

Обвинителката Ивана Трајчева кажа дека на 27 април 2017 година, обвинетите за време на одржувањето на конститутивната седница во Собранието со намера да го загрозат уставниот поредок на државата, предизвикале акт на насилство и го загрозиле животот на пратениците, новинарите и останатите присутни во законодавниот дом.

Обвинети останаа: ексдиректорот на БЈБ, Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдулфета Аљими, Игор Дурловски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски Ќосето, Игор Југ, Влатко Трајковски, Вилијам Михајловски, Никола Митровски Кољо и Александар Василевски Нинџа.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Мицевски: Владата има луѓе, има механизација сега и се справува со сите можни и неможни позиции коишто ги има

Левица: Африм Гаши, уценет од ВМРО-ДПМНЕ, илегално ја поништи закажаната Надзорна расправа за Кочани

Собранието ги донесе реформските закони за дигитална трансформација

На 9 јули пратениците ќе расправаат за интерпелацијата за претседателот на Уставниот суд

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше