Кирацовски: Заедно со вас ќе го вратиме она што и е одземено на нашата држава

Од:

Заедно со вас ќе го вратиме она што и е одземено на нашата држава, ќе ја вратиме благосостојбата, Александар Кирацовски, кандидат за пратеник од здружената опозиција.
Во таа наша мисија главна улога ќе има македонското стопанство.

Токму затоа, денес, пред стопанствениците одржавме презентација на економскиот дел од нашата програма во кој се содржани мерките кои произлегуваат на нивно барање.
На стопанствениците им најавуваме:

Целосно повлекување на репресивните мерки и рацете на политиката од бизнис секторот, што оваа власт ги постави.

Инспекциските служби првенствено ќе имаат едукативна и опоменувачка улога, а казните ќе бидат преполовени и прилагодени на финансиската моќ на фирмите.

Странските инвестиции ги респектираме, но пред се ќе ги поддржиме домашните. За поддршка на домашното стопанство годишно ќе издвојуваме од 20 до 50 милиони евра.

Покрај неповратините 10.000 евра за почетни бизниси, покрај навремената исплата на долговите од државата кон фирмите заедно со повратокот на ДДВ, покрај финансиската поддршка за секое ново вработување,

За секое мало и средно претпријатие, кое може да обезбеди 15%сопствено учество за инвестициски проект, државата преку МБПР ќе обезбеди гаранција во висина од 75% од инвестицијата.

Пример ако некое трговско друштво сака да реализира инвестиција во висина од 100.000 евра, за 75.000 евра ќе добие соодветна гаранција. Рокот на отплата на ваквите кредити бибил до 10 години.

Најавуваме Државна гаранција за краткорочни кредити за обртни средства до износ од 30,000 евра.

Најавуваме Заеми за Франшиза и заеми за Мешовити инвестиции во висина до 50.000 евра:
Имено, Претприемачите кои сакаат да откупат франшиза за познат бренд, ќе можат да конкурираат за заем вовисина до 50.000 евра со 1% каматна стапка; и 5 години рок на отплата.

За заеми под исти услови ќе може да конкурира и секој граѓанин на Република Македонија, кој за отворање на нов бизнис ќе привлече странски партнер кој би вложил барем 30% од вкупната инвестиција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација

СДС наместо да ја пофали мерката за 400 пожарникари, ја злоупотребува за политичка кампања, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Кузеска: Време е власта да одговара и за пожарите и за еколошката катастрофа

Вистинската опасност за здравјето и безбедноста на граѓаните се СДС и ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски