Кирацовски за 1 мај: Со храброст ги донесовме промените, со одлучност чекориме кон напредокот на работничките права

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на граѓаните на Република Македонија им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.

„Почитувани граѓани,

Овој ден е симбол на храброста и одлучноста во борбата за подобра иднина и унапредување на правата на работниците.

Не е возможен успех без мотивирани работници, не е возможен напредок без соодветно вреднувани и почитувани работници, заштитени и сигурни на нивните работни места.

Како одговрона партија, СДСМ останува целосно посветена на обезбедување на услови за развој и напредок и еднакви можности за сите. Тоа се докажа и преку зголемувањето на минималната плата, зголемувањето на пензииите и просечната плата и ќе се докаже и во иднина преку остварување на низа мерки за унапредување на правата на работниците.

Единствено со мотивирани и заштитени работници, претпријатијата ќе се развиваат и ќе ја движат економијата напред и затоа како владеачка партија остануваме целосно поветени на тој процес.

Не чекаат многу предзвици во иднина, но заедно рамо до рамо со вас, со вашата поддршка, со заеднички труд, ќе успееме во напорите да обезбедиме квалитетни услови за живот и работа за сите граѓани.

Со храборст ги донесовме промените, со одлучност чекориме кон иднината што носи напредок, правда, подобри работни места и гарантирани работнички права.

Нека е честит 1 мај – Меѓународниот ден на трудот!“

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата