Кирацовски во Охрид укажа на случаи на политички притисоци во администрацијата

Од:

Дополнителниот заменик-министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски денеска беше во посета на Општина Охрид, како и на центрите за социјални работи во општините Крушево и Ресен.

Кирацовски по средбата со градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и раководните луѓе во локалната самоуправа  во изјава укажа на појави на политички притисоци врз вработени во администрацијата и јавниот сектор, како што се закани за намалување на плати, казнено оценување за нивната работа, дисциплински мерки, до закани за прераспределба на друго работно место.

– На градоначалникот на Охрид му предочив на случајот со т.н. „казнена експедиција“ преку која општинари неистомисленици со власта по налог на секретарот на општината се прераспределени во општинската зграда во селото Косел, каде работат во несоодветни услови, истакна Кирацовски.

Тој рече дека денеска бил и во објектот и имал средба со вработените, при што забележал несоодветни услови за работа. – Условите не се доволни за секојдневна работа, тие вработени не добиваат никакви работни задолженија, а од друга страна се врши казненото оценување за нивната работа од страна на партиски поставениот шеф, рече Кирацовски најавувајќи активности на инспекциските служби за санкционирање на таквите појави.

По таквите тврдења на Кирацовски се огласи и градоначалникот Бакрачески, кој укажа на потребата сите субјекти, како од политичките партии така и од државните институции, а не само локалните самоуправи, да вложат максимални напори за евентуални можности за политичко влијание врз вработените во јавната администрација.

– За овие три и пол години раководење со општината, ниту јас ниту мојот тим не вршел отворени притисоци врз вработените во администрацијата или јавните претпријатија за остварување на некакви политички агенди. Таквиот тренд ќе продолжи и во иднина, јас како градоначалник ќе ги вложам сите напори администрацијата како и досега да биде заштитена и ослободена од било какви политички влијанија или притисоци, рече Бакрачески.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски