Кирацовски во Долнени: Здравството е срушено поради кримиалните политики на Никола Груевски

Од:

 

Потпредседателот на СДСМ и дополнителен министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски придружуван од Мила Царовска, денеска беше помеѓу граѓаните на Браилово, Десово и Дреновци, општина Долнени.


 

Граѓаните изразија разочараност од политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и побараа достоинствен живот за граѓаните од овој крај по промените коишто сите ги очекуваат.

 

Овие места одамна се заборавени од оваа власт. Нашите деца заминуват и ние остануваме сами
да се бориме за гола егзистенција. Субвенциите не се исплаќаат и доцнат. Ништо од она што
ветија не реализираа, истакнаа граѓаните.

 

Откако СДСМ ќе ја превземе одговорноста да ја води државата по победата на следните фер и
демократски избори субвенциите ќе бидат зголемени за 160 милиони евра. Земјоделците
навремено ќе ги добиваат субвенциите кога им се најпотребни. Ќе направиме ревизија на
земјоделското земјиште и ќе биде вратено во рацете на вистинските земјоделци, рече
Кирацовски.

 

Граѓаните се пожалија на проблемите со коишто секогдневно се соочуваат поради хаосот во
здравството и лошите здравствени услуги. 

 

Здравството е урнисано поради криминалните политика на Никола Груевски и Никола Тодоров.

Македонија е на последното место во Европа по здравствени услуги. Корупцијата и криминалот
на власта во заминување е на директна штета на здравјето на граѓаните, истакна Кирацовски.

 

На средбите стана збор и за актуелната политичка ситуација во Македонија.

 

Груевски 6-ти ден молчи за злостроничкото здружување и која била неговата улога. И самиот е свесен дека правдата на крајот ќе победи. Промените се случуваат и од тоа бегање нема. Заедно ќе изградиме држава на благосостојба, достоинствена и европска Македонија, рече Кирацовски.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа