А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

Кирацовски: Тутунот на црно се движел на релација Могила – Арачиново – Косово?

by А1он19/09/2014 - 15:1619/09/2014 - 16:0496
Share0

Скандалот со тутунот на црно во Могила, што го обелодени СДСМ го потресе врвот на власта. По признанието на Министерството за земјоделство дека во бизнисот на црно со тутун се вмешани луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, Јанкулоска и Груевски денеска спроведуваат панична акција во Могила, во која за жал страдаат и чесни земјоделци кои влегоа во мрежата на туѓ профит, рече денеска Александар Кирацовски, потпретседател на СДСМ.

Добивај вести на вибер

Дали и што сака да сокрие власта на местото на случувањето, со конфискациите на тутун на невини тутунари, праша тој?

Дали можеби власта сака да го сокрие патот на црниот бизнис во којшто можеби се инволвирани структури од власта, продолжи Кирацовски.

Тој во продолжение рече:

Јанкулоска и Груевски, со филмската акција денеска во Могила нема да го покријат фактот дека повеќе од 5 години се води бизнис со тутунот на црно. Дали патот на црниот бизнис со тутун води до врвот на партнерите во власта?
Дали патот на бизнисот со тутун на црно е на релација Могила – Арачиново – Косово?

За каков бизнис се работи, говорат пресметките направени според условите на пазарот.

130 тони сиров тутун на црно носат приход од околу еден милион евра.

Од 130 тони тутун, можат да се направат 6 милиони и 500 илјади кутии цигари.

Профитот од овој бизнис на црно е околу 5 милиони и 200 илјади евра!

Кај кого завршуваат 5-те милиони и 200 илјади евра годишно?

Сигурно не кај земјоделците од Могила.

СДСМ ги повикува Јанкулоска и Груевски, да не се кријат зад земјоделците, туку да признаат:

Дали и со чија помош од врвот на власта, тутунот од Могила преку нелегален пат, завршува спакуван во цигари надвор од Македонија?!

sdsm

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кризна состојба за покривање на криминалните тендери

Горан Наумовски23/12/2025 - 17:02

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он22/12/2025 - 18:01

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски22/12/2025 - 11:0422/12/2025 - 14:01

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:0722/12/2025 - 11:44

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

Горан Наумовски22/12/2025 - 09:03

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски22/12/2025 - 08:4522/12/2025 - 09:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен