Кирацовски смета дека Пендаровски е следен од одредени служби, а тоа ја вознемири Силјановска

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски смета дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски е следен од странски служби. Ова следува откако Пендаровски изјави дека 24-часа го следи тајна разузнавачка служба за која се сомнева дека е блиска со опозициска партија.

„Штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции, алудира за следење од одредени служби од опозицијата, евидентно е дека истите постојат. Тука МВР преземе иницијатива истите да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата“, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски

Противкандидатката на Пендаровски, професорката Гордана Силјановска Давкова пак, прашува што да очекува таа доколку тој е небезбеден, иако одраснал во безбедносните служби.

„Вознемирена сум од сомнежот на противкандидатот за претседател на Македонија, Пендаровски, дека е следен од безбедносните служби на некоја странска држава. Се прашувам, ако некој што речиси одраснал во безбедносните служби, ако некој кој бил национален советник за безбедност дури на двајца претседатели, се чувствува небезбеден, што да очекуваме ние, останатите противкандидати“, вели Силјановска.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“