(ВИДЕО) Кирацовски: Сме за развој и вработувања, но не по цена на здравјето и животот на граѓаните

Од:

Денес сум тука пред се како битолчанец со цел да дадам придонес на моите сограѓани во нивните заложби да ја сочуваат здрава животната средина. Веќе извесен период и во Советот на Општина Битола, но и во јавноста се води дебата за новиот рудник за експлоатација на минерлна суровина – гранит на локалитетот „Билбил Камен“, рече потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски.

Се работи за рудник кој е оддалечен околу 2,5 км., воздушна линија, од централното градско подрачје и околу 800 метри од првото населено место, поради што логично се наметнуваат и прашањата:

1. Дали рудникот ќе има штетни последици по општото здравје на битолчани и дали истиот ќе влијае врз зголемување на бројката на заболени луѓе од респираторни заболувања?
2. Дали е направена соодветна физибилити студија, а доколку студија има зошто истата не е доставена на увид на советниците во Советот на Општина Битола?
3. Дали сообраќајното решение е соодветно со оглед дека рудникот излегува на магистрален пат кој во иднина е планиран за експресен пат?

Знаејќи дека Општина Битола поради РЕК-Битола е еден од најзагадените градови, овие дилеми на граѓаните се повеќе од оправдани.

Бидејќи сите овие прашања се отворени, а знаејќи на кој начин се добиваат дозволи за работа и концесии кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, БАРАМЕ од компанијата Стентон Градба, и Друштвото за производство, трговија и услуги (ДПТУ ) Стентон Увоз-Извоз како и од Општина Битола во најскоро време да приложат соодветна документација и испитувања со кои ќе се потврди влијанието на рудникот врз неговата околина.

Сакам да истакнам дека нас како политичари пред се не интересира јавниот интерес, а во овој случај здравјето на граѓаните. Ние сме за развој на бизнис секторот и новите вработувања, но не и по цена на здравјето и животот на граѓаните.

Доколку работата на рудникот нема штетно влијание врз здравјето на битолчани, истиот треба да функционира, но доколку истиот предизвикува штетни ефекти врз здравјето на нашите сограѓани, тогаш министерството за Економија треба веднаш да ја преиспита одлуката за доделување на 30 годишната концесија“, вели Кирацовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага